Хан: Политичката дебата да се води во собранието

by Фокус

Еврокомесарот за европска соседна политика и за проширување, Јоханес Хан, на денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјавил дека дошол да помогне да се најда излез од политичката состојба, во која западна земјава по објавувањето на таканаречените „бомби“.

„Сите политички партиии треба да водат политичката дебата во парламентот, а не надвор од парламентот. Опозицијата да се врати во парламентот и таму да се решаваат сите политички прашања“, порачал  Хан пред Иванов, соопштија од претседателскиот кабинет.

Шефот на државата, пак, истакнал дека политичките субјекти треба да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата.

„Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството и истите мора да се решаваат по институционален пат, низ отворен дијалог“, рекол тој.

Поврзани новости