Хан нѐ нарече Македонија, Грција го искара

by fokus

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за германски „Шпигел“ нашата земја ја нарекуваше со уставното име Македонија, на што веднаш реагираше грчкото министерство за надворешни работи и го опомена Хан.

Грчкото МНР истакнува дека употребата на „несоодветни фрази“ не помага да се постигне напредок во разговорите за името, но и дека тоа не е во согласност со улогата на ЕУ.

-Го повикуваме комесарот Хан да го почитува меѓународното законодавство и да не ги прекршува, меѓу другото, и одлуките и обврските на самата ЕУ. Особено во еден критичен момент како што е денешниот кога преговорите се во тек. Повторувањата од негова старана на несоодветните фрази, не придонесуваат во постигнување напредок во преговорите за името. Исто така, не се во согласност со конструктивната улога што треба да ја имаат членовите на Европската унија, соопшти грчкото МНР.

Поврзани новости