Хан ги собра партиски лидери за да се договорат

by Фокус

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, веќе шест часа е во резиденцијата на ЕУ во Скопје, заедно со медијаторот за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ванхојте, и со амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија, Бејли и Орав. Зоран Заев и Мехдух Тачи се веќе таму, а се очекува да пристигнат и Никола Груевски и Али Ахмети, заедно со нивните преговарачки тимови.

Предвидено е вечерва да се стават на маса и да се најде конечно решение за изборниот законик, како и за избор на комплетниот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева. Ако е потребно, под покровителство на Хан ќе се преговара и до раните утрински часови, за утре изборните измени да влезат во собраниска процедура. Исто така, се очекува вечерва да се изберат и новите министри и заменици – министри во Владата.

Поврзани новости