Хајндл пристигнува во Македонија

by Фокус
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл, утре и задутре ќе биде во Скопје. Тој, како што соопшти германската амбсада во земјава, предвидено е да разговара со претставници четирите партии, потписнички на Пржинскиот договор, како и со странските амбсадори во државава.
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, изјави дека ова е позитивен сигнал за Македонија.
– Има најмалку две работи за кои Германија може да ни помогне. Првата се однесува на зацврстување на кредибилитетот на повеќе повторени ветувања за тоа дека Македонија има иднина во рамки на ЕУ. И мислам дека тоа е сигнал кој треба да го очекуваме од Берлин. И втората работа е сигналот дека постои интерес кај Германија да биде вклучена со што де факто се испраќа и сигнал дека не сме оставени сами на себе во еден долг временски период да имаме неизвесност околу можностите воопшто да се приближуваме кон ЕУ во услови во кои самата ЕУ е соочена со сопствени предизвици – рече Попоски.

Поврзани новости