Хаг: Доживотен затвор за Ратко Младиќ

by fokus

Поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, е осуден на доживотна затворска казна.

Ратко Младиќ „значително придонел“ за геноцидот за време на балканските војни, додека бил командант на штабот на Војската на босанските Срби од 1992 до 1996 година заклучи Меѓународниот кривичен суд и го прогласи за виновен за геноцидот во Сребреница, јави Франс прес.

Младиќ денеска беше отстранет од судот во Хаг кога почна да им вика на судиите додека ја читаа неговата пресуда за воени злосторства.

Тој беше избркан откако судијата го одби барањето на неговиот адвокат за одложување на седницата поради нарушено здравје.

Младиќ во Хаг беше обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и прекршување на законите или обичаите на војувањето во Босна и Херцеговина од мај 1992 до крајот на 1995 година.

Поврзани новости