ГТЦ сепак ќе се менува во барок

by fokus

Владата донесе одлука ГТЦ да добие барокна фасада. Во службен весник веќе е објавена одлуката за продолжување на изградбата на проектот „Скопје 2014” во чии рамки е измена на ликот на Градскиот трговски центар.

ГТЦ беше објект со решение за културно наследство, но сега тој верификат е укинат.

Инаку, борбата за спас на автентичниот изглед на ГТЦ трае веќе три години, а за тоа време беа организирни низа протести и трибини за зачувување на објектот, кој е еден од глвните симболи на Скопје.

На еден од протестите, скопјани симболично го гушнаа трговскиот, порачувајќи ГТЦ да не се облекува во барок, а за спас на модернистичкиот бисер беше организиран и референдум на кој се собраа повеќе од 10 000 потписи.

Поврзани новости