Груевски во Драчево на испомош на Тарчуловски: СДСМ сака да насели мигранти од Африка

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше на последниот митинг на партијата во Драчево, каде рече дека премиерот Зоран Заев правел редифинирање на државата.

-Тоа се гледа во шест точки – промена на името и идентитетот на македонскиот народ, штетен договор со Бугарија, двојазичност на цела територија која, се турка со неуставен закон, намера да се населат огромен број мигранти од Азија и Африка со државјанства во Македонија, зголемување на даноците и редефинирање на бракот и легализација на хомосекусални бракови со можност да посвојуваат деца. вие шест точки ни тропаат на врата. Ненормалното сакаат да го направат нормално, нормалното – ненормално. Од нас зависи дали ќе им го дозволиме тоа, рече Груевски.

Тој уште еднаш побара да се амнестираат насилниците од 27 април, иако тогаш ги осуди и изјави дека тие треба да се судат што побрзо.

Поврзани новости