Груевски утре ќе ја поднесе оставката која ќе важи на 100 дена пред изборите

by Фокус

Премиерот Никола Груевски само што одржа пресконференција на која соопшти дека ќе си поднесе оставка од функцијата премиер на Република Македонија. Груевски рече дека утре изутрина писмото со неговата оставка ќе го достави до претседателот на Собранието. Како што изјави, оставката, или како што тој ја нарече: привремена оставка која ќе биде ефективна 100 дена пред изборите, ја дава за доброто на граѓаните и за демократијата.

-Договорот од Пржино опфаќа и привремено повлекување на премиерот на 100 дена пред изборите. Навршуваат стотте дена пред изборите на 24 април, датум за кога е договорено да се одржат избори и тоа е влезено во закон. Јас стојам и за тој дел од Договорот и сакам нашата држава да може слободно да се развива и да оди напред. Утре изутрина до претседателот на Собранието ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на 100 дена пред официјалниот датум на изборите, рече Груевски.

Според оваа изјава на Груевски, доколку изборите се одложат, тогаш оставката нема да се активира веднаш, туку ќе почне да важи на 100 дена пред евентуално новиот датум за предвремените избори.

Поврзани новости