Груевски: Со заеднички напори го принудивме Заев да потпише гаранции

by Фокус

Добро е што со здружени напори на граѓаните кои што секојдневно протестираа, со напори на ВМРО-ДПМНЕ и на нашата пратеничка група, со напори на претседателот на државата успеавме да дојдеме до ситуација кога Зоран Заев беше принуден да потпише гаранции, како никој досега мандатар, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Со потпишувањето се гарантира дека нема во иднина да се наруши унитарноста на државата и тоа е одлично и добро, затоа што тоа и беше главната цел, да се спречи разградување на унитарноста на РМ, нешто што гледавме од изјавите и на самиот Заев и во Сараево и во други негови изјави, како и од изјавите на ДУИ и на други партии од албанскиот блок – изјави Груевски.

 

Поврзани новости