Груевски: СЈО не напаѓа со куп обвиненија за Заев да го смени името и да ја редефинира државата

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, смета дека Специјалното јавно обвинителство ја напаѓа неговата партија, со цел, според него, новата влада да го смени името и идентитетот на македонскиот народ и да ја редефинира државата.

-Ние од ВМРО да лежиме во притвори, за тој да го смени името и идентитетот на македонскиот народ. Ние да молиме да ни ги вратат пасошите додека тој да го исполни тоа што го ветил за договорот со Бугарија. Ние секоја недела да се јавуваме во суд и народот да се занимава со тоа, министерот за пропаганда да ги притиска медиумите да говорат само за тоа, додека Заев да ги плати фактурите поврзани со законот за јазиците. ВМРО ДПМНЕ да се занимава само со себе, со пријави, притвори, пасоши, со платеници кои треба да глумат реформатори на партијата, додека Заев да го исполни ветувањето за редефинирање на државата – изјави Груевски на годишната конференција на Унијата на млади сили на ДПМНЕ.

Поврзани новости