Груевски: Работата на Јанева е далеку од очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се пожали од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и рече дека не е задоволен од нејзината работа.

– Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста – кратко изјави Груевски на новинарско прашање, по промоцијата на нови 25 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

Инаку, во едно од последните обвиненија на СЈО, Груевски е обвинет за поттикнување на насилството при протестите пред општина Центар во 2013 година.

Поврзани новости