Груевски пристигна навреме на денешното судско рочиште

by fokus

Почна денешната расправа во Кривичниот суд по предметот на Специјалното јавно обвинителство за насилствата на протестите во Општина Центар во 2013 година. Поранешниот премиер, Никола Груевкси, обвинет од СЈО, денеска за прв пат пристигна на време, откако претходниот пат обвинителката Фатиме Фетаи реагираше за неговото доцнење.

Во судот пристигна и обвинетиот екс министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.

Двајца обвинети во овој предмет веќе признаа вина пред судот. Во раздвоена постапка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Томислав Лазаров и Јордан Ристевски, им беше изречена условна казна.

Поврзани новости