Груевски порача дека ќе се врати на власт, следбеници му одговорија – Кога врбата ќе роди грозје!

by Fokus
Лидерот на опозицијата, Никола Груевски, откако пред новинарите пред Апелација денес порача дека планира да се врати на власт, истата порака ја сподели и на својот официјален Фесбук профил. Но неговите неистомисленици, не му останаа должни, и му вратија дека неговиот филм ќе нема реприза.
 
,,Јас тука се пријавив да одговорам на сите нивни лаги и невистини кои ги искажуваа во изминатиот период и да им порачам дека јас планирам на следните избори да победам, како политичка партија, како водач на политичка партија и повторно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, а не да бегам од земјата. Тоа е мојата главна порака’’ – напиша тој.
 
На неговата самоувереност не изостанаа реакциите од негови следбеници на социјалните мрежи, од кои многумина му одговорија дека му заврши владеењето.
 
,,Кога ќе роди врбата грозје, тогаш ќе се вратиш’’ ,,Разбудете се од сон, вашиот филм заврши и тешко дека ќе има реприза’’ ,,Ќе дојдеш на власт од стиропор да направиш барок’’  – се дел од коментарите постирани на неговиот профил.
 
Иако отсекогаш поголемиот дел од политичарите практикуваат веднаш да ги бришат негативните коментари од своите профили, сепак овојпат добар дел од пораките против намерата на Груевски да се враќа на власт, останаа на неговиот ѕид, на очиглед на јавноста.
 
Инаку, во изминатиов период покрај јавувањето на суд еднаш неделно, тој редовно врти оро на традиционалните комитски вечери кои се организираат во повеќе градови низ земјава.
Вики Клинчарова
 

Поврзани новости