Груевски по девет години се појави на интервју во Алсат, испровоциран од новинарот призна декa грешел што не се појавувал во сите медиуми

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва после девет години е гостин во политичка емисија на телевизија Алсат-М. Тој од новинарот доби критика дека не доаѓал на дебата во одредени медиуми и долги години ги игнорирал.

– Не сте биле девет години во Алсат телевизија, каде ќе ви се посветеа деликатни прашања. Нели игнорирањето на граѓаните значи нивно потценување – го праша Назим Рашиди лидерот на ДПМНЕ.

Груевски врати дека секогаш одговарал на сите новинарски прашања, но си призна дека не се појавувал во одредени медиуми.

– Не сум бил гостин во Алсат и сега ќе го корегираме тоа. Ние сме се труделе да направиме работи со кои ќе ги решаваме проблемите на граѓаните. Признавам грешка што не сум бил во некои медиуми – истакна Груевски.

Поврзани новости