Груевски: Овие сценарија на СЈО се политички наметнати за да се одвлече вниманието од скандалозните договори на Заев

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска по распитот во Специјалното јавно обвинителство истакна дека намерно го викаат, само за да се дефокусира јавноста за промената на името што го договара Заев, за непокачување на платите на лекарите и за скандалозниот договор со Бугарија.

– Ова што од СЈО го работат е незаконски, нивниот мандат е изминат и овие предистражни постапки се малтретирање на граѓаните. Но за да не излезе дека одбегнувам да дојдам, дојдов и одговорив на некои прашања кои ме прашаа. Овие сценарија се политички наметнати за да се отргне вниманието од реалните проблеми и да се замајува јавноста како и дека сето тоа што тој работел е законски тврди Груевски.

 

Поврзани новости