Груевски од Шутка: Одете на гласање со семејството, како да одите на слава

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска од општина Шуто Оризари порача дека секој еден глас на 15 октомври е важен.

-Немојте да мислите “што може мојот еден глас да промени”. Тоа Едно гласање, тој еден глас е клучен. Невработеноста ќе се намали со тоа Едно гласање. Вашите деца ќе добијат подобро образование со тоа едно гласање. Нашите градови ќе се развијат со тоа едно гласање. Токму со вашиот глас. Иднината на Македонија, иднината на нашите деца ќе се реши со тоа Едно гласање. Затоа, бидете сигурни дека треба да гласате. Одете на гласање со вашето семејство. Оди на гласање како да одите на прослава, именден или куќна слава, со радост и гордост. Затоа што сите ние ќе се разбудиме во посветло утро на 16 октомври. 15 октомври ќе биде ден на победата на Македонија, рече Груевски.

Поврзани новости