Груевски: ОБСЕ замижуваше пред изборните нерегуларности, амбасадорите не сакаа да реагираат

by fokus

Никола Груевски во вечерашното интервју на Алфа се пожали дека ОБСЕ/ОДИХР замижувале пред наводните изборни нерегуларности, но и откри дека барал помош од странските амбасадори, иако пред неколку месеци им порача да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

-Два пати ги викавме ОБСЕ/ОДИХР за да ги известиме за изборните нерегуларности. Од нивното лице се гледаше дека не се дојдени да спречат нешто. Ќе ни се заблагодареа и ќе ни речеа ви благодариме за вашата точка на гледање. Ги викавме и амбасадорите, ќе не сослушаа и толку. Изгледа некому му требаше СДСМ на власт. За потоа со нив да решаат значајни прашања за нашиот идентитет. Изборите се нелегитимни, но на надворешниот фактор му одговараше да не го види ова.

 

Поврзани новости