Груевски: Ниту една закана нема да не натера да клекнеме на колена

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митингот во Пробиштип истакна дека ниту една закана нема да ги натера да клекнат на колена.

– Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро за никого. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка. Пречка за подобро образование. Пречка за подобри услуги во здравството. Тие се пречка за повеќе работни места, економски раст и развој на Република Македонија – истакна Груевски.

Тој додаде дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија, за разлика од онаа на СДСМ која, како што рече, се базира на лаги, клевети и празни зборови.

Поврзани новости