Груевски: Никој не му удри шамар на Жерновски, апсурдно е да ни се суди поради неколку скршени прозорци

by fokus

По завршувањето на денешното рочиште за насилствата во Општина Центар, обвинетиот Никола Груевски изјави дека за него ова судење е апсурдно.

-Ние сме во политички прогон бидејќи во 21 век одиме на суд затоа што имало протест, а сега некој бара организатор на тој протест затоа што биле скрешени неколку прозори – рече Груевски.

Според него, обвинетите се ставени во апсурдна ситуација, во која сведоци се нивни политички противници.

-Ние сме тука со денови со месеци, зошто се скршиле неколку прозорци, додека шарените кршеа и ја запалија канцеларијата на претседателот, при што можеше да изгори зградата во која живеат и граѓани. Но тие оминаа неказнето. Исто така не се казнија ниту оние кои кршеа кога се менуваа имињата на улиците – рече Груевски.

На новинарско прашање што е со снимката во која се слуша дека нарачува шамари за Андреј Жерновски, Груевски се насмеа и рече дека никој не добил шамар ниту бил направен обид некој да му удри шамар на Жерновски.

Поврзани новости