Груевски: Ние сме предводници на голема кауза

by fokus

Ние сме предводници на голема кауза и предци на еден голем и велик пат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг пред Влада.

-Има милиони луѓе кои многу придонеле во нашата организација и чекореле на овој пат заедно со сите нас. Има многубројни херои кои чекореле по овој пат со нас и кои оставиле трага служејќи и на оваа земја. Македонија напредуваше многу со нивниот беспоштеден труд и макотрпна работа. Кога го продолживме нивниот пат, ветивме едно нешто: Ќе работиме дење и ноќе со сета наша енергија и сила за Македонија и со забрзани чекори ќе ја внесуваме нашата земја таму каде што заслужува, меѓу развиените земји во светот, рече Груевски.

Поврзани новости