Груевски: Ние имаме визија за Македонија

Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме, ние имаме проекти за Македонија, ние имаме визија за Македонија, порача Никола Груевски од вечерашниот митинг во Крушево.

-Новата ера на 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10%. Кога можевме да ја намалиме од 38 на 22.6 осто, можеме да ја спутиме и под 10 осто. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, тоа значи и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера за најниски даноци. За поголеми плати, пензии и субвенции, рече Груевски.