Груевски непоканет заминал на конгрес во Малта

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го нема на официјалната листата на важни поканети гости на Конгресот на Европската Народна партија кој ќе се одржи на Малта, јави А1он. Единствено, во партиската делегација најавена како „ФИРОМ”, како претставник наведен е Емил Димитриев.

Инаку, денеска откако Груевски беше „уловен” од новинарските екипи на аеродром, од партијата информираа дека тој е во работен престој на Малта каде заедно со партиска делегација ќе учествувал на конгресот на Европската Народна партија.

Сепак конгресот на Малта почнува за два дена, односно на 29 и 30 март, а на листата поканети гости наведени на страната на Конгресот на Народната партија е Димитриев.

Поврзани новости