Груевски на средба со Жбогар: Партијата е посветена на евроатлантската интеграција

Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, денеска остварил средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Поранешниот премиер му соопштил на евроабмасадорот дека ВМРО-ДПМНЕ е посветена на евроатлантската интеграција. Евроамбасадорот Жбогар на својот „Твитер“ профил напиша дека ја цени отворената дискусија со Никола Груевски.

„Се обврзав да ги слушам грижите на неговата партија и неговите поддржувачи. Добредојдена е посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ за евроатлантската интеграција и соработката со нив за тоа да се случи“, соопшти Жбогар.