Груевски на екскурзијата во САД се сретна со конгресмен од Њу Џерси

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамки на својата лобирачка посета на САД, се сретнал и со конгресменот од Њу Џерси, Бил Пасквел.

Според ВМРО-ДПМНЕ, било дискутирано за повеќе теми кои се од значење за Македонија, афирмирајќи ги интересите поврзани со интеграциите во НАТО, зајакнување на македонско-американските односи и потенцијалите за нивно интензивирање.

-Го брифиравме за најновите информации и најновите состојби, заеднички споделивме идеи како понатаму да се продолжи, да се градат стратегиите околу нашите суштински интереси како држава, изјави Груевски по средбата.

Поврзани новости