Груевски: На 15 октомври со пенкало во рака за победа на демократијата

Почнува нова визија и нова стратегија со која во наредната декада ќе бидат отворени 150 илјади нови работни места, невработеноста ќе се сведе под десет проценти, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Кисела Вода.

-Тоа го ветува ВМРО-ДПМНЕ, партија и Коалиција која покажа дека знае да отвори не 150, туку 173 илјади нови работни места и знае да ја намали невработеноста од речиси 40 на 22,5 проценти. На 15 октомври моќта е во рацете на народот со пенкалото во рака. Демократијата им дава шанса на 15 октомври, потоа и на 29 доколку некаде има втор круг да излезат и да одговорат за целото ова помрачување, рече Груевски.