Груевски: Ќе пробам да направам влада со ДУИ, ако има услови за такво нешто

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за косовскиот „Експрес” вели дека преговорите за новата влада веќе се почнати. ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да направи коалиција со ДУИ, но Груевски не е оптимист дека партиите ќе успеат да се договорат.

-Ние сме практикувале постизборна коалиција со албанските партии кога ни било потребно да обезбедиме мнозинство во парламентот, но и кога сме  немале потреба, бидејќи сме имале мнозинство да изгласаме влада. И тоа го правиме затоа што сметаме дека Албанците во Македонија се повеќе на број и треба да бидат застапени во Владата и да бидат претставувани од партијата за која гласале. Значи, нашиот став е да се обидеме да создаде коалиција со ДУИ, ако постојат услови за такво нешто. Овој пат, со оглед на тоа дека немам 51% во парламентот, коалицијата ќе биде важна за да се создаде мнозинство во парламентот – вели Груевски.

Сепак, останува на ставот дека нема да прифатат двојазичност и продолжување на мандатот на СЈО, барања за кои Али Ахмети рече дека нема да има компромиси.

Понатаму во интервјуто, Груевски се жали дека медиумите го прикажувале како непријател на Албанците, а Ахмети го толерирал тоа, иако, како што вели, двајцата заедно направиле многу за Македонија.

Поврзани новости