Груевски ќе гради уште 150 спортски сали

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска промовираше уште пет нови проекти за млади, кои вклучуваат изградба на 150 кошаркарски сали. Според Груевски, овие проекти се разработени детално и ќе бидат доставени до Владата.

Еден од проектите е поврзан со постдипломските и докторски стипендии, како и комплетно реновирање на националната и Универзитетската  библиотека „Св Климент Охридски“.

Проектите беа промовирани на партиски настан насловен „Македонија за младите“, а на настанот беше пристутен и техничкиот премиер, Емил Димитриев.

Поврзани новости