Груевски и Јанакиевски договораат како да се сруши „Космос“ на Цановски

by Фокус

Во неколкуте разговори објавени денеска, според Заев, Јанакиевски и Груевски договораат како да му се руши објектот на Цановски, Груевски предлага да се изгади парк со фонтани наместо зграда. Јанакиевски пак предлага да му се намали габаритот за да нема реакции во јавноста. Јанакиевски го уверува дека ке се заврши работата.

Тони Јакимовски, според снимките на опозицијата побарал поддршка од Јанакиевски за да го руши објектот.  Потоа Груевски го уверува Јанакиевски да помине извесна седница во Собранието и му го кажува датумот на Јанакиевски кога да се руши објектот.

На крајот, според Заев, Груевски донесува конечна одлука објектот да се руши на први август. Тоа му го пренесува на Јанакиевски.

Јанакиевски го уверува Груевски дека е подготвено се, само чека знак кога да се стартува со рушењето.

Потоа, следниот разговор е за време на рушењето кога Јанакиевски го уверува дека се ке биде во ред. Го известува премиерот дека судијката Кацарска се појавила на терен и дека тој се јавил кај претседателот на судот да интервенира. Надлежните на терен не ја пуштиле судијката на објектот и ја пратиле документите да ги достави во општината. Груевски му вели на Јанакиевски да се јавеле кај највисокиот судија за врски да фатат.

Практично разговорите покажаа дека Груевски цело време бил брифиран за рушењето на објектот „Космос’. Јанакиевски му раскажува како има 4 до 5 столбови рушено, а тоа за Груевски е ситна штета. За да го смири Јанакиевски се правда дека цел ден работат и ќе има уште рушење.

По неколку дена Груевски пак го прашува до каде е работата, Јанакиевски му вели дека го рушат малиот објект со две машини од „Бетон“. Се сечеле столбовите и после тоа со сајли за да падне зградата. Потоа му објаснува дека имале и појаки камиони донесено за да можат полесно да рушат. На крајот соговорниците заклучуваат дека до вечер

Дошле од амбасадата на САД да пројават интерес дека има политика во случајот и рекле дека за еден метар не требала власта да го руши. Груевски пред Американците се правдал дека Цановски го прекршил законот.

Јанакиевски и Груевски до толку биле посветени на слуачјот што внимавале и какви снимки објавуваат телевизиите. Па заклучиле дека Алфа имала добра снимка од експлозијата. Во еден момент кога проценуваат дека доволно е направена штета, Груевски наредува да се прекине со рушењето.

На последната снимка се слуша како Груевски се правда за забелешките кои му ги даваат од Брисел дека ги руши само политичките противници, и дека мора да се рушат сите како Цановски, односно сите што имаат нелегално изградени објекти. Јанакиевски му открива дека во Гостивар има исто таква зграда, а Груевски наредува одма со динамит да се руши и тоа, а и градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ да најдат низ другите градови слични примери.

Поврзани новости