Груевски: Граѓаните се уценети и исплашени, го потиснуваат своето мислење

by fokus

Никола Груевски на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада зборуваше дека новата власт на СДСМ донела селективна правда, а во Македонија почнала да се казнува слободната мисла.

-Зборуваат за правда, а неправда на секој чекор. Заробената држава ја крши храброста на луѓето, а стравот станува секојдневие. Луѓето се исплашени, уценети, го потиснуваат своето мислење, затоа што во Македонија почнува да се казнува слободната мисла, а на љубовта кон татковината се гледа како грев за кој почна да се оди и во затвор. Животот никаде го нема, а неправдата и прогонот стануваат име и презиме во секоја област. Ние од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата можеби сме најмногу изложени на неправдите од оваа влас, но не се поштени ни многу други граѓани, а најмногу штета има државата, нашата заедничка Република Македонија. Ветуваа правда, а сега имаме реваншизам и тонење на економијата, на општеството, на моралните вредности, рече Груевски.

Тој побара амнестија за сите приведени и осомничени за настаните на 27 април во Собранието.

Поврзани новости