Груевски го „предупредил“ Ахмети дека ќе му врати зашто не коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју во емисијата „Патот кон“ откри дека тој лично му соопштил на Никола Груевски дека ДУИ нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, на што Груевски му одговорил дека ќе му „врати“.

-Рече вие како ДУИ, што ми направивте во периодот 2006 – 2007 година на истиот начин ќе ви вратам. Се знае какви беа реакциите на ДУИ во периодот 2006 – 07 кога неправедно остана надвор застапувањето на албанскиот електорат, волјата на албанското мнозинство во Република Македонија, изјави Ахмети.

Според Ахмети, тоа не било закана, туку предупредување, „како што ми направивте, така ќе ви направам“.

Поврзани новости