Груевски го форсира Михајло Маневски за преоден премиер?

by Фокус

Во ек на преговорите за организација на новата влада, „Фокус“ од извори во ВМРО-ДПМНЕ дознава дека лидерот Груевски кај своите сопартијци го тестирал расположението за можни нови премиери.

Наспроти сите досегашни имиња што се вртеа во јавноста, како Пешевски, Поповски и Тодоров, Груевски наводно, ги изненадил сопартијците со името на Михајло Маневски, поранешен министер за правда.

Партиски извори сметаат дека Маневски совршено добро би се вклопил во плановите на актуелниот премиер затоа што е човек на кого може безрезервно да му верува, со оглед на блискоста што семејството Маневски, Филимена и Михајло, одамна ја има со семејството Груевски, особено со мајката на премиерот Нада.

Значи ли ова дека Груевски не им верува доволно на своите сопартијци и поучен од хрватското искуство со Санадер, не би сакал да ризикува, па фотелјата би ја отстапил единствено на Маневски?!

Веста е објавена во новиот Фокус, кој е веќе во продажба!

Поврзани новости