Груевски двапати го одложил распитот во СЈО, повикан по третпат

by Fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски наредните денови е повикан во СЈО на распит по трет пат, потврдија за Телма извори од истрагата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од 17-мината за кои е проширена истрагата случајот „Титаник“ за изборни кривични дела извршени во периодот помеѓу 2011 и 2014 година.

Досега двапати е одложуван распитот на Груевски затоа што тој преку своите адвокати испратил оправдување дека поради обврски не може да се јави во закажаниот термин. Иако конгерсот на Малта почнуваше во средата, Груевски преку Истанбул замина два дена претходно, денот кога требаше да се појави во СЈО.

Поврзани новости