ВИДЕО Груевски без одговор дали ќе се повлече од лидерското место

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на отворањето на новиот објект на Македонската филхармонија доцнеше 30 минути. Настапот на музичарите не започна до неговото влегување, а министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска не влезе додека не се појави лидерот на нејзината партија, објави А1 он.

Груевски за медиумите не сакаше да одговори дали ќе се повлече од лидерската позиција во партијата, а само кратко одговори дека купил карти за да влезе на настанот.

Тој седна веднаш до претседателот на државата Ѓорге Иванов и премиерот во заминување Емил Димитриев.

Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди беше отворен вечерва во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата со која како солист настапува пијанистот Симон Трпчески.

Концертот е под диригентско водство на маестро Владимир Ашкенази од Русија.

ФОТО: А1 Он

ВИДЕО: Макфакс

Поврзани новости