Груби: По изборите, ДУИ го презема министерството за внатрешни работи

by fokus

По завршувањето на изборите, заменик министерот во МВР од ДУИ ќе го преземе министерското место во полицијата, изјави Артан Груби по завршувањето на преговорите. Тој дополни дека техничкиот министер од СДСМ по изборите ќе се повлече без разлика на резултатите од истите.

Груби рече и дека партиите до 31 август ќе направат уште една проценка дали се исполнети сите услови за организација на изборите. Доколку се исполнат условите, Груби посочи дека еден датум за избори годинава е 11 декември.

 

Поврзани новости