Груби ќе ја закаже седницата за законот за јазици на денот на албанската азбука

by fokus

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, најави дека комисиската седница на која ќе се разгледува Предлог –законот за употреба на јазиците ќе ја закаже на 22 ноември, Денот на албанската азбука. Груби очекува до крајот на годината да заврши целата процедура и законот биде донесен.

-Со тоа ќе се затвори и последното прашање на Охридскиот рамковен договор, односно од неговиот нормативен дел – рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Како што појасни Груби, за решавање на прашањето на целосната употреба на албанскиот јазик како што бараат албанските партии, ќе биде потребна уставна интервенција, за која Груби рече дека сега не може да се реализира.

Тој изрази надеж дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го сменат ставот и на крајот сепак ќе гласаат за овој закон.

– Искажувам разочарување од пратениците на ВМРО–ДПМНЕ, но се надевам дека и тие ќе ретерираат како што ретерираа граѓаните на локалните избори и дека нема да бидат против – рече Груби.

Поврзани новости