Грција го исклучи далноводот кон Македонија

by fokus

Електрани на Македонија денеска информира дека од  вчера Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји.

Од ЕЛЕМ велат дека ваквото однесување на соседите е како резултат на временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа.Тоа  директно влијае и на цените на електричната енергија.

Од компанијата уверуваат дека снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите.

Поврзани новости