Грчката позиција се појасна – ерга омнес и промена на Уставот

by Fokus

Сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата, која се погласно се споменува од грчката страна во преговорите за името со Македонија, кои и натаму се во фокусот на грчките медиуми.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ја повтори грчката позиција – сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба.

– Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение – рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.

Заменик-министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос ги повтори грчките позиции за сложено ерга омнес име, објаснувајќи дека „не може да го смениш името за севкупна употреба и за во внатрешноста на земјата, ако не го смениш Уставот“.

Според лидерот на партијата Сојуз на централисти, Василис Левандис, пак, Грција го има загубено спорот со името, со самото тоа што разговара за сложено име со вклучен терминот Македонија.

Левендис, кој е против името Македонија, завчера се сретна со американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајат, по што истакна дека Американците се категорични дека ова прашање е завршено.

Дел од медиумните во Атина коментираа дека нацрт спогодбата од грчката страна е подготвена и ќе биде презентирана во Виена, а дел, сѐ уште се работи на неа, а Коѕијас на Димитров ќе му ја претстави во Скопје при патувањето со директен лет од Атина, веднаш штом и во пракса се промени името на скопскиот аеродром. Коѕијас, говорејќи за државната ТВ ЕРТ пред две седмици, рече дека нацрт спогодбата ќе биде готова кон средината на февруари.

 

Поврзани новости