Грчев: Ќе препорачаме отстранување на трите албански споменици од „Скопје 2014“

by fokus

Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека тие имаат ист однос кон сите споменици, без разлика дали се македонски или албански.

-Околу плоштадот во рамки на Скопје 2014 има три албански споменици. Сите три се поставени од општината, а не од Собранието кое единствено има надлежност да поставува споменици. Ви гарантирам дека за тие споменици препораката ќе биде да се отстранат, а местото да се врати во првобитна состојба, рече Грчев.

Поврзани новости