Граѓански организации со свој пакет реформи за излез од кризата

Неколку граѓански организации денеска го претставија „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени што треба да се спроведат во земјата.

Овој документ е направен од Граѓанската асоцијација „Мост“, Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Институтот за европска политика, Институтот за комуникациски студии, Македонскиот центар за европско образование, Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, Хелсиншки комитет, Центарот за економски анализи и „Цивил“ – Центар за слобода.

Иницијаторите на документот велат дека тој ги покрива итните демократски реформи во клучни области што беа препознаени и во извештајот на Прибе, а во документот детално се разработуваат неколку области: јавни финансии и економија, судство, борба против корупцијата, избори, медиуми, јавна администрација, контрола врз полицијата и врз тајните служби, Собрание и граѓанско општество.

Овој документ попладнево му го презентираа и на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека реформите што ќе обезбедат квалитетен живот за граѓаните и демократска и сигурна иднина на Македонија, може да ги спроведе само легитимна влада избрана од граѓаните на слободни, фер и демократски избори