Граѓаните плаќале, АЕК ги донирала парите за владини проекти како панорамското тркало

by fokus

Според финансиските извештаи на Агенцијата, во текот на 2016 АЕК имал 9,3 милиони евра приходи. Од нив донирале над 3 милиони евра, објави телевизија 24.

Парите биле дадени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба. Сашо Димитријоски, директорот на АЕК од сметката на регулаторното тело донирал пари И на Велосипедската федерација, каде што тој е претседател.

Иако Агенцијата, како регулаторно тело, не смее да остварува профит, во изминативе три години АЕК собирала повеќе од што и е потребно, а вишокот пари, од 8.8 милиони евра го дала како донации. Најголем дел од парите се дадени за Панорамското тркало што, според првичната проценка, ќе чини околу 20 милиони евра.

Поврзани новости