Поголема група граѓани е пред Кривичниот суд каде денеска започнува судењето на еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција, Павле Богоевски.

Тој е обвинет за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години.

Богоевски пред три дена беше на Конгресот на СДСМ каде повика на заеднички фронт на партиите со непартиските граѓани на изборите на 11 декември.

ФОТО: НОВА ТВ

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.