Градоначалникот Трајковски бара да му се врати пасошот, СЈО инсистира да оди во притвор

by fokus

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска се појави во Апелациониот суд каде што се разгледуваше неговата жалба да му се врати пасошот кој му беше одземен како осомничен во случајот „ТНТ“, но се разгледуваше и ѓалбата на СЈО со која бара да му се одреди притвор.

Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО изјави дека градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, иако дури три пати добил уредни покани за да даде исказ во СЈО, но не се појавил ниту еднаш. Дополнително, СЈО тврди дека Трајковски често патува и дека набрзо му истекува мандатот.

Неговиот адвокат, Боро Тасевски, пак истакна дека во оваа фаза Советот на Кривичниот суд не го оценил обвинителниот акт за да може да бара притвор и побараа да му се врати пасошот.

Трајковски пак истакна дека немало да ја попречува постапката.

-Тука сум, подготвен да одговорам на сите покани, рече Трајковски, кој додаде дека ка доставил целата документација до СЈО за објектот Космос.

Тој се пожали и дека не ги добиле списите навреме. Бил во ситуација да даде одбрана без да ги види актите.

Поврзани новости