Градоначалникот на Берово се сомничи дека 32 пати го искористил службеното возило за лични потреби

by fokus

Против градоначалникот на Општина Берово, Драги Наџински, е поднесена кривична пријава под сомнение дека сторил „злоупотреба на службената положба и овластување“. Наџински се сомничи дека во период од две години, од јули 2015 до јули 2017 година во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба.

Според информации од полицијата, градоначалникот на општината во речиси 32 наврати го злоупотребил службеното возило за лични цели.

„Пријавениот го користел службеното патничко возило, сопственост на Општина Берово, без да обезбеди Решение за службено патување во странство од надлежен орган од општината, како и  без патни налози и без покани за службено патување во странство.  Д.Н., вкупно во 32 наврати за свои лични потреби и за потребите на други физички лица, кои ги превезувал со службеното возило,  со што причинил штета на Општина Берово која дополнително ќе биде утврдена“, велат од МВР:

Кривичната пријава ја поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово во содејство со Одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Берово.

Поврзани новости