Град Скопје вработува 50 нови пожарникари

by fokus

Град Скопје годинава ќе вработи 50 пожарникари. Советот на Град Скопје на денешната осма седница ги усвои одлуките со кои се дава согласнот на планот за вработување на Град Скопје за 2018 и 2019 година.

-Старосната структура на противпожарната бригада во Градот Скопје е лоша и дополнувања со кадар не се вршени со години. Планот е во текот на годинава да се изврши обука и бидат примени нови 50 пожарникари, кои ќе го дополнат недостатокот од 23 лица и од заминувањето во пензија на 27 пожарникари во текот на оваа година, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Тој посочи дека интезивно се работи на систематизацијата на работните места во Градот Скопје и треба да се заврши до 31 март. Законот за пожарникарство предвидува квота од 384 пожарникари, додека моментално се вработени 217 лица.

Поврзани новости