Ѓорѓиевски: Заев лаже дека Законот за јазици нема да се применува во Штип, Прилеп и Радовиш

by Fokus

Зоран Заев ги погази Уставот и законите само за да ја одржи својата коалиција со ДУИ, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тој тврди дека Заев излажал дека Законот за јазици нема да се применува во Штип, Прилеп и во Радовиш.

„Во законот јасно стои дека сите судски постапки, управни, кривични, граѓански, како и постапки пред органите на државната управа ќе мора да се водат и на албански јазик доколку во нив се појави сограѓанин Албанец. Заев и на 10 март излажа дека двојазичните униформи и двојазичните пари биле неуставни. Сега Зоран Заев реши и ваквото неуставно решение на сила да го истурка за да се додвори на ДУИ. Зоран Заев лажеше и на 17 мај кога ја потпиша изјавата кај претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да се носат закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот“ – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани новости