Ѓорчев: Црвенковски никогаш не би прифатил ваков закон за јазици

by Фокус

Бранко Црвенковски и Владо Бучковски никогаш не би прифатиле ваков закон за јазици, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на денешната парламентарна седница.

-Зошто не го изгласавте овој закон од 2002 до 2006 година, кога СДСМ и ДУИ имаа мнозинство? Црвенковски и Бучковски никогаш не би прифатиле ваков закон – истакна тој.

Според него, проблемот на СДСМ е што не го сака мнозинството од македонскиот народ, па се обидува да го заобиколи.

Поврзани новости