Ѓорчев од Пелинце се побуни дека Анѓушев не ги спомнал Македонците

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, смета дека годинашниот Илинден е празник на поделени чувства, а во Пелинце во официјалните говори, како што изјави, македонскиот народ и Македонците, не биле спомнати.

-На Денот на востанието на македонскиот народ, тука, во Пелинце, ниту еднаш не беше спомнат македонскиот народ, не беа спомнати Македонците. На денот на вториот Илинден од епопејата на народноослободителната борба не беше спомната борбата против фашизмот во официјалните говори. Среќни сме за празникот, но исто така и секој Македонец го допира она што во моментов и се случува на Македонија, изјави Ѓорчев кој беше во Пелинце како говор имаше Кочо Анѓушев.

Ѓорчев додаде дека Илинден е потсетник дека Македонците се борат за своите правдини, дека даваме порака кон сите граѓани на Македонија, дека Македонија не може да биде покорена.

Поврзани новости