Ѓорчев: На овој празник притворените патриоти треба да се дома со своите деца

by Fokus

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев од Куманово денеска истакна дека Богојавление е семеен празник и дека притворените треба да се дома со своите најблиски, посочувајќи ја една од притворените од Куманово, Елена Божиновска, за која рече дека е неправедно  затворена и оти треба да биде дома со сопругот и децата.

– Генерално во државата имаме ситуација која воопшто не е добра, која се влошува по сите основи. Имаме ситуација во која Куманово е целосно заборавено од централната власт. Куманово многу направи за СДСМ, Куманово даде поддршка за СДСМ, но од централната власт, од Владата, од премиерот Заев, Куманово не го добива она што го заслужува – истакна Ѓорчев.

 

Поврзани новости