Горан Стојков: Не можеа физички да ме ликвидираат, па ми монтираа судски процес

by fokus

Во Апелациониот суд денеска продолжи јавната распава за случајот познат во јавноста како „Шпион“. Денеска пред судиите својата жалба ја образложи генералот Горан Стојков, кој истакна дека целиот судски процес е монтиран.

-Јас си ги знам моите непријатели кои не можеа физичи да ме ликвидираат, па најдоа начин да ме тргнат преку судот. Но, сега верувам дека Апелација ќе предуси правилно, рече Стојков.

За да ја потврди тезата дека случајот е монтиран, Стојкот потсети дека во текот на судското рочиште се појавиил и сведок кој признал пред Судот дека му бил вршен притисок од УБК да сведочи лажно, односно како што рече Стојков, сведокот истакнал дека вработен во УБК го давел за да сведочи како што му било кажано.

Осудениот генерал истакна и дека обвинувањата против него се смешни, бидејќи, како што рече, тој знаел како да се уништи државата, а го обвинувале дека прислушувал полициска радио станица. „За овие смешни обвинувања добив 10 години затвор“,рече Стојков.
Набрзо во судница своите жалби ќе ги образложат и останатите осудени во случајот „Шпион“, а јавната седница треба да заврши со обраќање на обвинителка од Специјалното јавно обвинителство.

Валентина Стојанчевска

 

Поврзани новости