Големо свлечиште отсече три паланечки села

by fokus
Големо свлечиште предизвикано од интензивните врнежи дожд затрупа поголем дел од патниот правец Крива Паланка – село Дурачка река поради што целосно се отсечени селата Дурачка Река, Станци и Метов, јави МИА.

Од Општина Крива Паланка информираат дека се работи на расчистување на свлечиштето.

– Одронот е на локација што претставува критична точка на овој патен правец. Механизацијата е на терен, екипи од Одделение за комунални дејности при општината и јавно претпријатие Комуналец со расположливите ресурси и механизација веќе работат на расчистување на теренот, изјави Борјанчо Мицевски,градоначалник на Крива Паланка.

Поврзани новости